Лајкамобајл почна со работа во Македонија, која стана 21та земја од глобалната мрежа
Lyca Mobile, најголемиот меѓународен мобилен виртуелен оператор (MVNO) започна со работа во Македонија, која стана 21 држава во Lyca Mobile интернационалната мрежа.
Македонските граѓани ќе може да ги уживаат придобивките од Lyca Mobile и нашите нискобуџетни тарифи за национални, меѓународни повици како и интернет сообраќај. Понудите на Лајкамобајл особено ќе им бидат привлечни на граѓаните кои имаат потреба да им се јават на своите пријатели или роднини во странство, со оглед на тоа дека постојат голем број Македонци низ целиот свет. Лајкамобајл нуди импресивни цени без трошоци за роаминг во дури 18 земји во светот. Ова е одраз на широката визија на компанијата, која се стреми да им овозможи на корисниците да се поврзат со своите пријатели и семејства ширум светот по најповолни цени.
Целта на Македонија за зачленување во Европската Унија уште од 2005-та година доведе до блиски економски релации коишто резултираа со зголемен развој во телекомуникацискиот сектор подготвувајќи се за поголема конкурентност поддржана од ЕУ. Исто така, телекомуникацискиот пазар учествува со 7% од средниот GDP на земјата, што е дури над просекот на ЕУ, а тоа помогна до носењето на стратешката одлука на Лајкамобајл за да ја искористи предноста на овој брзорастечки пазар
Кандидатскиот статус на Македонија за влез во Европската Унија од 2005 година овозможи блиски економски врски со Унијата, што резултираше со зголемен развој во телекомуникацискиот сектор како подготовка за посериозна конкурентска средина. Следствено на тоа, во 2015 година Македонија оствари импресивна стапка на раст во мобилната телефонија од 108%, поради што Лајкамобајл донесе стратешка маркетинг одлука за да ги искористи предностите на таквиот растечки пазар.
Основана со мисија да ги поврзува пријателите и семејствата ширум светот, Lyca Mobile многу бргу прерасна во компанија, што им служи на 15 милиони корисници ширум светот, вклучувајќи ги корисниците од Европа, САД, Австралија, Хонгконг и Тунис.
„Македонија е држава што се наоѓа во срцето на Југоисточна Европа , oпкружена со некои од најпопуларните земји а нејзината телекомуникациска индустрија доби значајни странски инвестиции во последниве години. Имајќи го предвид тоа, Македонија е нашиот следен чекор, со што продолжуваме да се прошируваме на меѓународно ниво”, изјави генералниот директор на Lyca Mobile Субаскаран Алираџах .