Conversion Page

Безбедност

Како компанија која што нуди производи и услуги преку интернет, ја разбираме важноста за безбедноста. Поради таа причина, ние создадовме високобезбедносен систем за плаќање, за да ви осигураме сигурност при вршењето на вашите онлајн плаќања и кога ни ги доставувате вашите лични податоци. Безбедноста и заштитата од измами се многу важни за нас и се следат во сите делови на нашата веб-страница, каде што е применливо.

Ние ја користиме ‘Secure Sockets Layer (SSL)’ технологијата за да ги енкриптираме вашите детали кога тие се испратени од вашиот компјутер до нашиот систем. Со ова се овозможува вашите податоци да се чуваат тајно освен доколку сме ви посочиле поинаку во нашите Општи Услови за користење.

Безбедна Веб Страница

Секогаш кога ќе се најавите на вашата Мојот Lycamobile сметка и кога ќе извршите плаќање, на полето за пребарување кое е составен дел од вашиот веб пребарувач. Ова значи дека сте во безбеден мод на работа којшто треба да го имате секогаш кога внесеувате лични и платежни податоци.

Во безбеден мод на работа, значи дека сите ваши детали се енкриптирани со зголемена безбедност (128-битна). Ние ја користиме напредната енкрипција од Network Solutions Certificate Authority (Служба за Сертификација на Мрежни Решенија) за да ги заштитиме податоците од вашата картичка.

Наш совет: Секогаш затворајте го вашиот интернет пребарувач откако ќе завршите со онлајн плаќањата, посебно при употреба на заеднички или јавен компјутер. Најчесто, со тоа ќе ги избришете т.н привремени Интернет колачиња од било која веб страна којашто сте ја посетиле или на којашто сте извршиле некаква платежна трансакција од ваша сметка.

Безбедно онлајн плаќање

Lycamobile учествува во ‘Verified by Visa’ и ‘MasterCard SecureCode’ програмите наменети за безбедност при онлајн купување. Овие услуги се овозможени од Visa и MasterCard во соработка со банките коишто ги издаваат Вашите платежни картички. Нивната цел е заштитата на вашите детали при извршување на онлајн трансакциите осигурувајќи дека никој друг нема да ја злоупотребува вашата картичка и дека истата ќе биде стандардизирана во сите веб страни коишто нудат Е-трговски услуги.

Онлајн измама и крадење на идентитет

Lycamobile понекогаш може да ви испраќа електронски пораки од информативен карактер, но никогаш нема да ви испратиме електронска порака (email) со којшто од вас ќе побараме безбедносни инфомрации или детали за логирање, или да ве наведуваме да пристапите на веб страна која ќе ви ги побара овие информации. Во случај доколку добиете email кој наликува дека е од Lycamobile, за којшто се сомневате дека е сомнителен и поврзан со измама, не кликајте на некој од споделените линкови коишто би можеле да се содржат во таа електронска порака и не доставувајте било какви детали за логирање или кредитна картичка. Ако не сте сигурни за тоа како ќе ги препознаете заканите од измамничките email пораки кои имаат за цел да го украдат вашиот идентитет, Ве молиме следете го линкот каде што ќе прочитате повеќе за Сајбер Криминалот.

Услуги на Lyca Групацијата