Правила и услови
Национални Пакети
Националите пакети на Lyca Mobile (,,Понудата“) се однесуваат за повици или СМС пораки од С. Македонија до стандардни македонски фиксни и мобилни броеви, неограничени национални повици од Lyca Mobile кон Lyca Mobile и за употреба на мобилен интернет на територијата на С. Македонија. Други видови на услуги се наплаќаат согласно стандардните тарифи. Пакетите се валидни 30 (триесет) или 7 (седум) дена од денот на купувањето во зависност од тоа дали пакетот е месечен или неделен. Времетраењето на повиците се заокружува на најблиската следна минута за цел пресметување на остатокот од пакетот. Корисникот може да купи најмногу 4 (четири) месечни пакети и најмногу 1 (еден) неделен пакет во рамки на 30 (триесет), односно 7 (седум) дена. Неискористениот интернет сообраќај, минути или СМС пораки од пакетот не се пренесуваат во наредните 30 (триесет) дена, ниту пак при активација на следен пакет. Лајкамобајл го задржува правото на промена во понудите како и правото да повлече некоја од понудите во секое време по претходно известување. Пакетите стапуваат во сила од денот на нивно објавување. За повластени услуги во ракми на пакетите кои се однесуваат на неогреничено користење на сообраќај, се применува Политиката на фер користење опишана подолу: 1. Неограничените национални минути се предмет на Политиката на фер користење за појдовни повици кон сите национални јавни комуникациски мрежи со вкупно времетраење од 5.000 (пет илјади) минути во рамки на едномесечен период 2. Неогранчените национални СМС пораки се предмет на Политиката на фер користење за појдовни СМС пораки кон сите национални јавни комуникациск мрежи со вкупен волумен од 5.000 (пет илјади) СМС пораки во рамки на едномесечен период 3. Повиците кон кратки и специјални броеви и услуги со додадена вредност не се вклучени во пакетите. Проверете ги цените за повици кон овие броеви на lyca Mobile.mk
Интернет Пакети
Пакетите се важечки за купување пакети на интернет сообраќај кои им овозможуваат на корисниците да пристапат на Интернет од мобилниот телефон, без надомест за воспоставување. Пакетите се важечки 7 или 30 дена, вклучувајќи го и денот на активација. Неискористениот интернет сообраќај нема да биде пренесен понатаму по истекувањето на на овие периоди. Откако интернет сообраќајот е потрошен или датумот за користење истекол, се применуваат стандардните тарифи. Интернет пакетите може да се активираат од расположливиот кредит на Вашата Lyca Mobile сметка и како такви може да бидат предмет на автоматско обновување. Пакетот стапува во сила од датумот на негово објавување.
Интернационални Пакети
Lyca Mobile Бордер/Бордер Плус пакетите се однесуваат на повици од Македонија до стандардните меѓународни линии и мобилни броеви од одредени држави и за употреба на интернет во Македонија без воспоставување на повик. Друга употреба се наплаќа согласно стандардните тарифи. Пакетите се валидни 30 дена од денот на купувањето. Повиците се заокружуваат на најблиската минута за целта на пресметување на остатокот од пакетот. Корисникот може да има само една понуда на нивната сметка и не може да купи друга во рок од важечкиот период од 30 дена. Се што останало од пакетот после тие 30 дена, нема да се пренесе во наредните 30 дена, иако корисникот го обнови својот пакет. Lyca Mobile го задржува правото да замени или измени понуда или овие Услови како и да ја повлече понудата во секое време со претходно известување. Пакетот стапува во сила од датумот на негово објавување.