Политика за колачиња
Дома » Политика за колачиња
Политика за колачиња
Оваа Политика за колачиња („Policy“) опишува како Групацијата Lyca ги собира, употребува и задржува колачињата што постојат на веб-локацијата.
Колачињата се едноставни текстуални датотеки кои помагаат да се координираат серверите на веб-локацијата на Групацијата Lyca со пребарувачот што го користите со цел да го прикажат целосниот спектар функции што ги нуди Групацијата Lyca. Овие функции, меѓу другото, вклучуваат лесна и автоматска најава и проверка, функционалност на купувачка кошничка, рекламирање од трета страна, управување со реклами, поставувања за претпочитани вредности и за јазик.
Потребна ни е согласност за да ги обработиме колачињата, освен ако не ни давате лични информации, на пример за регистрација, за да направите нарачка или за пополнување на електронски формулари. Во тој случај, може да ги собереме, чуваме и употребиме личните податоци во согласност со Политиката за приватност внеси хиперврска
Кои сме ние
Политиката за колачиња се однесува на сите веб-локации што ги нуди Групацијата Lyca (Lyca Mobile, LycaRemit, LycaFly, LycaTalk итн.). Lyca Mobile UK Ltd е компанија основана во Англија, со регистарски број на компанијата 05903820, чија регистрирана адреса е Трет Кат на Зградата Валбрук, 195 Марш Вол, Лондон, E14 9SG.
Групацијата Lyca започна со работа во 2005 година, во Обединетото Кралство и стана водечки снабдувач со управувани услуги во телекомуникациската инфаструктура во Европа. На почетокот на 2007ма година, LYCA започна со работа и во САД.
Во 2008 година, Групацијата Lyca ги премести своите технолошки услуги во Индија и создаде објект за телекомуникациски инженеринг од светска класа и работи во 23 различни земји насекаде во светот.
Закон за колачиња
Познат и како „Директива за колачиња“, инструментот кој ги дефинира барањата за согласност за колачиња низ ЕУ е Директивата 2009/136/ЕС на Европскиот Парламент и на Советот, од која еден извадок е наведен подолу:
„Земјите-членки ќе се осигураат дека чувањето на податоци или добивањето пристап до податоци кои се веќе зачувани во крајната опрема на претплатник или корисник е дозволено само под услов претплатникот или корисникот за кој станува збор да дал своја согласност, а претходно му биле дадени јасни и разбирливи информации“.
Обединетото Кралство ги воведе амандманите на 25 мај 2011 год. со Регулативите за приватност и електронски комуникации (Директива на Европската Комисија) (Амандман) од 2011 год. Релевантниот дел е во продолжение:
„6. - (1) Според став (4), едно лице нема да зачува или да добие податоци, или да добие пристап до зачувани податоци во крајната опрема на претплатник или корисник ако не се исполнети условите од став (2).
(2) Условите се претплатникот или корисникот на таа крајна опрема да -
(а) добил јасни и разбирливи информации во врска со целите на чувањето на, или со пристапот до, тие податоци: и
(б) ја дал својата согласност.
(3) Каде што се користи мрежа за електронска комуникација од страна на истото лице кое ги зачувува или пристапува до податоците во крајната опрема на претплатник или корисник повеќе од еднаш, доволно е да се исполнат условите од став (2) во врска со почетна употреба за целите на оваа регулатива.
(3А) За целите на став (2), согласноста може да биде означена од претплатник кој ги изменува или поставува контролите на интернет пребарувачот кој претплатникот го користи или користејќи друга апликација или програма со која би се означила согласноста.“
Накратко, за да биде во согласност со законот, Групацијата Lyca треба да дава јасни информации за што се користат колачињата, зошто и да добие согласност од вас, корисниците. Овие се целите што оваа Политика се стреми да ги постигне.
Видови колачиња и цел
Колачињата може да бидат категоризирани на многу начини, од кои еден се однесува на нивната долговечност, односно на тоа колку време тие се чуваат во пребарувачот. Според оваа класификација, колачињата можат да бидат:
- Колачиња за сесија: привремени колачиња кои ги идентификуваат и следат корисниците на веб-локациите. Пребарувачот автоматски ги брише кога ќе го затворите или кога ќе ја завршите сесијата: и
- Трајни колачиња: колачиња кои им овозможуваат на веб-локациите да „запомнат“ кои сте и кои ви се омилени поставувања на веб-локациите. Овие колачиња се зачувуваат во пребарувачот (точната локација зависи од пребарувачот и верзијата) за одредено време.
Групацијата Lyca периодично ги проценува колачињата кои се присутни на нивните веб-локации за да се осигура дека тие се во согласност со барањата на постојното законодавство. На пример, ги отстрануваме трајните колачиња кои се поставени да чуваат податоци на подолг период, кои не се во согласност со принципот за ограничување на чувањето, како во Членот 5.1.е од Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR).
What the cookies do | Причина за постоење на колачиња на веб-локациите на Групацијата Lyca |
Ја подобруваат функционалноста на веб-локацијата | Колачињата ни дозволуваат да ја подобриме функционалноста на веб-локациите за да можеме да ви го персонализираме искуството и да ви овозможиме да ги користите многуте корисни функции на нашите веб-локации. Овие колачиња се строго неопходни за правилно функционирање на веб-локациите. На пример, користиме колачиња за да можеме да запомниме кои ви се омилени поставувања како и каква е содржината на купувачката кошничка кога повторно ќе се вратите на веб-локацијата. |
Ја подобруваат ефикасноста на веб-локациите | Овој вид на колачиња ни помага да разбереме како се користат нашите веб-локации, главно за аналитички цели, за да можеме да работиме на подобрување на корисничкото искуство.
Колачињата што се користат за оваа цел не собираат информации со кои се идентификува корисникот, но податоците се собираат и се прават анонимни. На пример, податоци од пораките за грешка што им се покажуваат на корисниците ќе бидат собрани и тимот за развој ќе процени дали проблемот е распространет и ќе го реши. |
Веб-светилници и следење на параметри | Овие колачиња и софтвер сличен на нив, познат како веб-светилници се користат за да се избројат корисниците што ги посетуваат веб-локациите или дејства извршени од страна на корисниците. |
Интернет Протокол (IP) адреса и податоци за сообраќај | На серверите се евидентираат групи на податоци како IP адреси, стапки на пристап и број на прегледи. Овие податоци не дозволуваат да се идентификуваат поединци односно не се собираат лични податоци. |
Промени во Политиката за колачиња
Постои можност да ја променуваме Политиката за колачиња одвреме-навреме за да биде во согласност со постојното законодавство за заштита на податоците. Сепак, нема да ви ги скратиме правата во рамките на оваа Политика за колачиња. Секогаш ќе ја ажурираме оваа Политика за колачиња на веб-локациите па затоа потрудете се да ја прочитате кога ќе посетите некоја од веб-локациите на Групацијата Lyca (референцијата „последно ажурирано“ ви кажува кога последно сме ја ажурирале).
Како да ги оневозможете колачињата?
Во секое време може да направите промени во однос на тоа како Групацијата Lyca се справува со колачињата присутни на оваа веб-локација.За да ја видите, промените или повлечете согласноста <Врска до страницата со детални информации за колачињата и опција да се промени/повлече согласноста> Кликнете овде
Бидејќи колачињата се зачувуваат во интернет пребарувачот кој што се користи за пристап до веб-локацијата, корисниците треба да ги променат поставките кои се однесуваат токму на тој пребарувач. Подолу се некои од најпопуларните пребарувачи и соодветни врски до упатствата на доставувачите за оневозможување на колачињата:
- Internet Explorer:
https://support.microsoft.com/en-gb/help/17442/windows-internet-explorer-delete-manage-cookies
https://support.microsoft.com/en-gb/help/278835/how-to-delete-cookie-files-in-internet-explorer - Firefox:
https://support.mozilla.org/en-US/kb/how-do-i-turn-do-not-track-feature
https://support.mozilla.org/en-US/kb/how-do-i-turn-do-not-track-feature - Chrome:
https://support.google.com/chrome/answer/95647?hl=en-GB - Safari:
https://support.apple.com/kb/PH5042?locale=en_GB - Opera:
https://www.opera.com/help/tutorials/security/privacy/
Освен тоа, Google Analytics ви ја дава опцијата да инсталирате додаток за откажување во пребарувачот за Internet Explorer 11, Firefox, Chrome, Safari и Opera: https://tools.google.com/dlpage/gaoptout
Одбивање на колачиња
Имајте предвид дека ако го оневозможите или одбиете користењето на колачиња на веб-локациите на Групацијата Lyca некои страници може да станат недостапни или да не функционираат правилно.
Дополнителни информации
Некои веб-локации објаснуваат како функционираат колачињата, нудејќи повеќе детали, како на пример www.aboutcookies.org и www.allaboutcookies.org. (Групацијата Lyca нема никаква поврзаност со овие веб-локации).
Доколку сакате да стапите во контакт со Групацијата Lyca во врска со употребата на колачиња на веб-локациите, испратете електронска порака на DPO@lycagroup.com